Др Мехмедoвиќ: Делта сојот се пренесува за 60% побрзо во затворен простор и за 40% на отворено

Доктор Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом – Скопје за емисијата „24 Отворено“ на телевизијата 24 изјави дека преносливоста на новиот делта сој на ковид-19 е поголема за 60% во затворени простории и за 40% на отворено.

– Делта варијантата на вирусот беше присутна уште во март оваа година во Индија и проблемот со оваа варијанта е што лесно се пренесува. Преносливоста како компонента е значително изразена, споредено во однос на оригиналниот сој, и уште повеќе со оној алфа сој (британскиот, н.з.) од Велика Британија. Преносливоста се смета дека е поголема за 60% на затворено и 40% на отворено и тоа е навистина една голема бројка. Се смета дека бројот на заразени се дуплираат секој ден во рок од една недела и имате експоненцијално растење на кривата, бројките на хоспитализирани се дуплирани, како и бројките на смртни случаи – вели доктор Мехмедовиќ

– Нормално, во оние земји каде процесот на вакцинација е спроведен е поинаку, затоа не можеме да добиеме една дефинитивна слика за тоа каков е клиничкиот аспект на оваа болест, поради тоа што во Индија можевме да видиме некои тешки форми на болеста, со некои непознати форми на засегање на кардиоваскуларниот систем и на дигестивниот систем, како и на нервниот. Во Велика Британија гледаме една друга слика, имаме значителен број на ПЦР тестови, меѓутоа имаме мал број на хоспитализирани лица, што е добар индикатор. Двата аспекти на болеста што нас нè загрижува е брзата трансмисија и клиничката слика на болеста – рече Мехмедовиќ.

Back to top button
Close