Драма во Битола: Полицаец со оружје се заканувал на колеги при вршење на службени должности

СВР Битола до основното јавно Обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Ф.И.(40)од Прилеп  вработен како  полицаец во КПУ Затвор Прилеп, поради постоење основано сомениение дека  на 29.11.2024 година околу 18.00 часот, во угостителски објект на улицата  “Широк Сокак” во Битола, со закана со огнено оружје  упатил сериозни вербални закани по живот кон полициски службеници што пак преземале службени дејствија.

Имено полициските службеници во тој момент  постапувале по основ на член 215 од КЗ на РСМ лишувајќи го од слобода лицето Т.Ж.(27) од Битола, бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена марихуана и прашкаста материја.

Двете лица се лишени од слобода , а за Ф.И е поднесена кривична пријава за „Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, предвидено и казниво по чл.383 од КЗ на РСМ.

Back to top button
Close