Драматичен раст на бројот на бездомници во САД – 33% во последните четири години

САД забележа зголемување на бројот на бездомници од 18,1% оваа година, драматичен пораст кој главно се должи на недостатокот на достапни станови, како и на разорните природни катастрофи и порастот на мигранти во неколку делови на земјата, соопштија вчера федералните власти.

Американскиот Оддел за домување и урбан развој изјави дека според федерално задолжителните пребројувања направени низ земјата во јануари, повеќе од 770.000 луѓе биле преброени како бездомници – бројка која не ги вклучува сите луѓе и не ги опфаќа оние кои престојуваат кај пријатели или семејство бидејќи немаат свое место за живеење.

Ова зголемување доаѓа на врвот на 12% пораст во 2023 година, за кое HUD го обвини зголемувањето на кириите и завршувањето на помошта поврзана со пандемијата. Зголемувањето во 2023 година исто така беше предизвикано од луѓе кои за прв пат се соочуваат со бездомништво.

Истражувањата покажуваат дека на секои 10 000 луѓе во САД, 23 се бездомници, а повеќето од нив се афро-американци. Остриот пораст во последните две години е во спротивност со успехот што САД го постигнуваа повеќе од една деценија.

Роберт Марбут Помладиот, поранешниот извршен директор на Меѓуагенцискиот совет на САД за бездомништво, зголемувањето на бездомништо за 33%  го нарече „срамно“ и препорача федералната влада да ги напушти напорите за приоритетизирање на постојаното домување.

„Треба да се фокусираме на третман на злоупотребата на супстанции и на менталните болести, како и да ги вратиме програмските барања меѓукои и обука за работа“, изјави Марбут во е-пошта. (АП)

Back to top button
Close