ДУИ: Ако зборуваме за едно општество, тогаш е време за еднаква распределба на моќта и можностите

Во минатото имаше само две опции за тоа кој ќе биде следниот премиер на Северна Македонија. Секогаш беше фактичка ситуација дека премиерот на земјава ќе биде од кандидатите на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ. Овој пат, за прв пат во нашата историја, е различно, се има избор, се вели во соопштението на ДУИ.

„Овој пат, граѓаните имаат три опции: Двајца кандидати Македонци од македонските партии  – или пак за прв пат во историјата еден кандидат Албанец за премиер на нашата земја, Претседател на Влада кој ќе ги претставува не само македонските партии, туку премиер кој ќе ги претставува и Албанците граѓани и сите други во нашата земја, без разлика на нивната етничка припадност. Етничкиот македонски монопол врз моќта заврши. Ако зборуваме за едно општество, тогаш е време за еднаква распределба на моќта и можностите. Денес, пред 21 година, НАТО влезе на Косово од Македонија и донесе мир и слобода за нашите браќа и сестри. Тогаш, нашите сонародници и многу други ги жртвуваа своите животи за нивните права и животи. Денес, времињата се променија, веќе нема војна и сите живееме во слобода, еднаквост во многу полиња и имаме можности пред нас. Но сè уште имаме потреба да се бориме за нашите права, за целосна еднаквост и можности. Овој пат, тоа го правиме преку демократски избори, преку нашиот глас. Но едно нешто е слично, а тоа е дека никој не веруваше
во почетокот дека Албанците ќе победат. Тоа го докажавме тогаш и ќе го докажеме сега, кога сме обединети, можеме да постигнеме сè“, се вели во соопштението на ДУИ.

Во политиката во нашата земја, наведено е таму, албанскиот глас секогаш бил пресуден.

„На последните избори во 2016 година, ние Албанците ја донесовме промената и го избравме Зоран Заев за премиер иако граѓаните на тие избори гласаа и одлучија различно, а тој беше втор на тие избори. Овој пат, албанскиот глас исто така ќе биде пресуден. Но овој пат, ние Албанците, сите заедно, по изборите, ќе поддржиме наш кандидат за прв Албанец премиер на земјата. Ова е чекор кон целосна еднаквост, ова е следното ниво на демократија во Северна Македонија. Моќта не им припаѓа веќе екслузивно само на двете македонски партии во црно бел свет. Граѓаните одлучуваат и овој пат, за
прв пат, граѓаните имаат трета опција, троен натпревар. И за трета опција нема да гласаат само Албанци, туку сите заедници ќе гласаат за нашиот кандидат за премиер затоа ги каниме и сите Македонци и сите други заедници кои што се разочарани од страна на црно белиот свет на двете македонски политички партии да гласаат за премиер којшто не е од СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, туку премиер на сите и за сите. На овие избори, пишуваме историја заедно за да изградиме заедничка иднина. На овие избори, да ја постигнеме целосната еднаквоста и да го завршиме етничко-партискиот монопол врз позицијата на премиер на Северна Македонија“, се вели во соопштението на ДУИ.

Back to top button
Close