ДУИ ги повикува пратениците да не прифаќаат партизација во обвинителскиот совет

За член на Советот на обвинители е предложен Ардијан Демири, член на Демократското движење на Изет Меџити, кое е дел од коалицијата „Вреди“. Со тоа, се прави обид за брутална партизација на судството и Обвинителството преку партиски интервенции во Советот на обвинители. Ова е денешната реакција на Демократската унија за интеграција (ДУИ), од каде велат дека овој случај претставува партиско мешање во судските и обвинителските органи.

Како доказ за блискоста меѓу Ардијан Демири и Изет Меџити, од ДУИ до медиумите приложија и нивна заедничка фотографија.

 

 

На фотографијата се Изет Меџити и Ардијан Демири / Фото: ДУИ

ДУИ ги повиува пратениците да не прифаќаат партизација во обвинителскиот совет.

„Ги повикуваме граѓанскиот сектор, медиумите и меѓународната заедница да реагираат на изборот на партиски кандидати за членови на Советот на обвинители“,

 

се вели во партиското соопштение.

Оттаму велат дека Европската унија будно ги следи одлуките на Владата и на Собранието, како и дека овие постапки не оддалечуваат од Европа и европските вредности и не враќаат во заробена држава.

„Призма“ вчера објави дека двајца нови членови на Советот на обвинители добија зелено светло од собраниските комисии, а останува пратениците да го потврат нивнито избор. Комисиските филтри, како што се вели во текстот, ги поминаа струшкиот адвокат, Ардијан Демири, и истражителот од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ведат Салихи.

Според Законот за јавните обвинители, за член на Советот на обвинители се избираат универзитетски професори по право, адвикати, поранешни судии на Уставниот суд, меѓународни судии и други истакнати правници.

Собранието пред два месеци распиша оглас за членови што ги избира во Советот на јавните обвинители од редот на немнозинските етнички заедници.

Back to top button
Close