ДУИ го пофали договорот за зголемување на минималната плата

Од партијата велат дека минималната плата бележи речиси двојно зголемување од 2014 година, кога изнесуваше само 8 800 денари. Тоа, како што оценуваат, е резултат на политиките на добро владеење

 

Демократската Унија за Интеграција го поздравува постигнатиот договор меѓу Сојузот на дсиндикати на Северна Македонија и работодавачите за зголемување на минималната плата од 15 140 денари на 18 000 денари, со која ќе бидат опфатени околу 80 000 работници од различни сектори на пазарот на труд во нашата земја, соопштија денеска од партијата.

„Сметаме дека усвојувањето на оваа економска мерка, која ќе почне да се применува на почетокот на април, е соодветен одговор за подобрување на животниот стандард на граѓаните во време на светска економска криза и поттикнуваме продолжување на овој пат на унапредување на економскиот
стандард преку натамошно зголемување на платите“,велат од ДУИ.

Од партијата велат дека минималната плата бележи речиси двојно зголемување од 2014 година, кога изнесуваше само 8 800 денари. Тоа, како што оценуваат, е резултат на политиките на добро владеење.

„Тоа ја прави нашата земја лидер меѓу европските земји, со учество на минималната плата во просечната плата. ДУИ, со сите свои кадровски капацитети, останува целосно посветена на спроведување на мерките на економски развој, за продлабочување на соработката со синдикатите во земјата, во одбрана на правата на работниците, како и со работодавачите за стимулирање на нивната продуктивност и со постојана поддршка на нивниот успех“,се наведува во партиско соопштение.

Back to top button
Close