Фришопот на Силјановска ги скара Гордана и Стево. Вие и сопругот сте транзициони профитери и рече Пендаровски

Споменувањто на фри-шопот кој во времето на ембаргото на Србија од тогашното раководство на МВР го добил сопругот на Силјановска Давкова, Благоја Давков, додека таа била министер без ресор во владата на Црвенковски внесе нервоза кај Силјановска Давкова која гласно реагираше дека таа немала фришоп на нејзино име. Пендаровски и врати да признае да биде џентлмен а таа му реплицираше дека таа е дама.

Пендаровски остана на тврдењето дека нејзиното семејство кога била министерка добило фришоп споменуваќи дека дневниот промет бил милион марки на што таа реагираше со смеење.

„Јас имам госпоѓо денеска само 62 квадрата, а вие имате несразмерно зголемен имот и тоа го знаат сите. Па како имате земјоделски комбинати купувано во тоа време? Имате илјадници. Фришопот не е на вашиот сопруг? Милион евра, милион марки на ден. Видете, министер во влада и дава фришоп на министерка во влада. Министер за внатрешни работи ви дава фришоп. Или не ви дава? Фришопот го добија 4-5 души привилегирани во врски со политичкиот врв во тоа време. Вие обвинувате за криминал човек кој нема цент украдено“, потенцираше Пендаровски.

Сепак јавна тајна е и објавувано е дека таа била една од привелегираните во владата на Црвенковски која како министер добила фришоп.

 

Back to top button
Close