ДУИ: Меџити јавно призна дека Владата може да интервенира во одлуките на судовите и Обвинителството
СООПШТЕНИЕ НА ДУИ
Изјавите дадени вчера од Изеет Меџити, еден од раководителите на една мала партија во рамки на владината коалиција, се шокантни и длабоко вознемирувачки за секој граѓанин кој верува во правната држава.
Во телевизиско гостување на едно од провладините медиуми, Меџити изјави дека „ако Таравари одлучи да соработува со ДУИ, тогаш Владата ќе ѝ направи услуги на ДУИ за ослободување на обвинети за корупција.“
Ова не е лапсус.
Ова е јавно признание дека правосудниот систем во државата е заробен, и дека Владата може да интервенира во одлуките на обвинителството и судството.
Со сопствени зборови, тој потврди дека правдата не функционира независно, туку се води според нарачки и интереси на неговиот политички шеф – Христијан Мицкоски.
Во една нормална држава, ваква изјава ќе предизвикаше итна институционална истрага и силна реакција од меѓународната заедница.
Затоа што ова е дефиниција за заробена држава – кога Владата одлучува кој ќе биде обвинет, а кој ќе биде ослободен од корупција.
Можеби токму затоа, најголемиот урбан корупциски случај во Чаир, иако јавно документиран и пријавен, сè уште чека правна разрешница во фиоките на Обвинителството.
Затоа што Владата прави „услуги”, ги заштитува избраниците и ја блокира правдата.
Ова не е правда – ова е компромитирање на правдата.
Ова не е владеење – ова е институционална манипулација.
Ова не е пат кон Европа – ова е опасно отстапување од европските стандарди.
Упатуваме јасен повик до Европската Унија, САД и сите релевантни меѓународни организации: не е доволно веќе само соопштенија и дипломатски фрази – потребна е конкретна реакција.
Затоа што денес, пред очите на јавноста, самите владејачки партнери признаваат дека Владата ја контролира правдата.
Државата не може да гради европска иднина врз основа на партиски диктирана правда.
А ние, како глас на граѓаните, нема да молчиме пред оваа опасна фарса.
Ќе продолжиме да се бориме – за независно судство, за одговорни институции и за држава која им служи на граѓаните, а не на партиските шефови.