ДУИ по интерпелацијата за Илире Даути:парламентарното мнозинство презеде срамен и реваншистички акт

Во ДУИ се револтирани откако денеска во Собранието е изгласана интерпелацијата за Илире Даути.

Според нив, парламентарното мнозинство презеде срамен и реваншистички акт, разрешувајќи ја Илире Даути од функцијата претседателка на Комисијата за социјална политика. За ДУИ оваа одлука не е ништо друго освен директен удар врз Охридскиот договор и обид за негово поткопување на секој можен начин.

„Наместо да работи на единство и еднаквост, оваа влада дејствува со логика на исклучување и реваншизам. Ова е јасна порака дека Албанците во оваа држава сè уште се сметаат за граѓани од втор ред и дека нивната жртва за еднаквост никогаш нема да биде признаена од власт што е заробена во минатото. ВЛЕН, како и досега, совршено ја одигра улогата на покорен слуга, одобрувајќи и молчејќи пред овој срамен чин. Ова уште еднаш докажува дека тие не се претставници на интересите на Албанците, туку слуги на оние што сакаат да ги поткопаат нашите колективни права“, велат од ДУИ.

Со 61 глас Собранието ја разреши пратеничката Илире Даути од ДУИ од местото претседателка на Комисијата за социјална политика, демографија и млади. Tаа не го почитувала Собранискиот деловник со тоа што не го ставила Законот за правата на бранителите на комисиска расправа и ги лишила пратениците од дебата за него.

Законот го поднесе пратеничката Славјанка Петровска која, како и останатите пратеници од СДСМ и коалицијата, денеска не беше ни на интерпелацијата на Даути, ниту на интерпелациите на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, неговиот заменик, ни на таа против вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоиљковиќ

Back to top button
Close