ДУИ се обои во зелено, Ахмети објави дека ќе се фокусираат на животот

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска точно напладне од Градскиот парк во Скопје ја објави веста која неколку денови претходно ја најавуваше како големо изненадување, што предизвика бројни шпекулации во јавноста.

На настанот пред Школка под мотото „За една зелена иднина“ Ахмети порача дека е ова време кога Албанците раководат со Собранието, во Владата.

– Охридскиот договор е реализиран, како и интеграцијата во НАТО и  правична застапеност. Се изградија училишта, болници, театри. Време е ДУИ целосно да се фокусира на животот – истакна Али Ахмети лидер на ДУИ.

На 19-иот роденден на ДУИ, истакна партискиот лидер, започнуваме нова политика и директно дејствување, политика за еколошка правда и квалитетен живот, а зелената агенда станува дел од ДУИ.

– По Рамковниот договор дојде време ДУИ да се фокусира и целосно на квалитетот и условите на животот, на една неселективна правда, дигитализацијата… Вие младината барате гласно услови за живот како на Западот – изјави Ахмети.

Тој потенцира дека ДУИ од денеска ја прегрнува целосно новата зелена, еколошка, зелена агенда, што подразбира живот во услови по пандемијата, отворање нови работни места.

– Парите наменети во Зелената агенда се инвестиција во нашето здравје, во чистиот воздух, во намалување на загадувањето на воздухот, за гасификација. Денес загадувањето на животната средина е и загрозување на безбедноста. Ние ќе се ангажираме дабидеме регионални и европски лидери во зелерната. еколошка политика. Европската политика значи внимавање на чистиот воздух. Да внимаваме на тоа без оглед на етнички, партиски, социјални и други разлики, дека дишеме еден воздух, живееме во еден ист простор, ние како ДУИ ќе бидеме столб во ваквата идна политика и во времето што претстои – изјави Ахмети.

Back to top button
Close