ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ да испрати претставник во комисијата за уставни измени


ДУИ го повика ВМРО-ДПМНЕ да испрати свој претставник во работната комисија за уставни измени, откако најголемата опозициска партија објави за неа прифатлив предлог според кој преамбулата на Уставот би претрпела измени според хрватскиот модел.

„Сметаме дека по оваа одлука ВМРО-ДПМНЕ треба да испрати претставник во владината комисија за уставни измени и да почне еден инклузивен процес. Во текот на тие разговори ќе увидат дека вклучувањето, а не исклучувањето на заедниците во нашата држава ја прави оваа држава посплотена, похармонична и поевропска“, гласи коментарот на ДУИ по објавениот предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

Back to top button
Close