ДУИ: Време е за оставки, за сериозни истраги и за враќање на одговорноста во нашиот здравствен систем

Во време кога насловните страници на вестите известуваат за трагичната смрт на 20 деца за само шест месеци во Детската клиника во Скопје, раководството на оваа клиника избира да објавува фотографии од предновогодишни прослави финансирани од буџетски средства, прогласувајќи ја годината за „успешна“.

Ова е тежок удар за семејствата кои ги загубија своите деца и за граѓаните кои очекуваат чувствителност и одговорност од здравствените институции.

Но, скандалот не завршува тука.

Наместо да преземе конкретни чекори за решавање на оваа криза, министерот за здравство се впушта во партиски маневри која партија ќе доминира бнатре во Вреди.

Оваа комбинација на неодговорност и рамнодушност е неприфатлива.

Време е за оставки, за сериозни истраги и за враќање на одговорноста во нашиот здравствен систем.

ДУИ нема да молчи пред оваа криза, која ја извади на виделина моралната и институционалната деградација на актуелната власт.

Додека тие си го честитаат крајот на годината еден со друг, родителите се молат нивните деца да не се разболат и да не паднат во нивни раце.

Back to top button
Close