Дурант ќе пропушти најмалку две недели поради повреда

Кошаркарот на Феникс санс, Кевин Дурант е надвор од теренот поради повреда.

Дурант доживеа истегнување на мускул на потколеницата на натпреварот против Далас, кој го заврши со 26 поени за 37 минути на теренот.

Заедно со Никола Јокиќ се единствените кошаркари кои шутираат со над 55% од поле и 40% од зад лакот, а во просек имаат 25 или повеќе поени по натпревар.

Феникс следниот натпревар во НБА-лигата ќе го има утре против Сакраменто кингс на домашен терен.

Back to top button
Close