Душко упаднал среде ноќ со 0.8 промили алкохол во крвта, ја кубел Карлеуша, го нападнал нејзиниот пријател …

Пејачката Јелена Карлеуша утринава пријавила дека била нападната од нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ, кај кого полициски алкотест утврдил дека има 0,8 промили алкохол, пренесува Курир.

Пејачката не се појавила во полициска станица, но телефонски изјавила дека не сака да продолжува понатамошни постапки во врска со овој случај.

Како што пренесе Курир, полицијата рано утринава излегла на терен по пријавата на Јелена Карлеуша, каде ја затекнала пејачката со нејзиниот пријател Н.Ј. Двајцата изјавиле дека Тошиќ дошол во куќата од која има клуч и како што навеле очигледно бил под дејство на алкохол, панпријателот на поранешната сопруга го фатил за вратот и го удрил неколку пати по главата и телото.

Карлеуша се обидела да ги раздвои, но според Курир Душко ја искубал Јелена за коса и ја удрил неколку пати по главата и телото. Како што дознава Курир, Јелена нема видливи повреди на телото, додека нејзиниот пријател има гребаница на брадата и вратот. За оваа пријава Тошиќ дополнително ќе даде изјава во полиција.

Известен е дежурниот обвинител на Првото основно јавно обвинителство За овој настан бил информиран и дежурниот обвинител на Првото основно јавно обвинителство Белград, кој наредил да се земат изјави од двајцата учесници на настанот, Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша, како и да се соберат сите потребни податоци.

– Од извештајот за настанот произлегува дека ниту еден од учесниците не се здобил со физички повреди. Полицијата му изрече мерка привремено отстранување од станот на Д.Т и мерка привремена забрана за контакт и приближување. Исто така, земена е изјава од лице кое било присутно и кое исто така не сака кривично да го гони Д.Т. ниту ЈК.

Детален извештај со прилози на редовен начин ќе биде доставен до обвинителството кое ќе изврши и последователни проверки и ќе побара пријава од центарот за социјална работа. Во однос на вонредните мерки обвинителството ќе разгледа дали има основа да му предложи продолжување на судијата за претходна постапка – се наведува во соопштението на надлежното обвинителство

Back to top button
Close