(ВИДЕО) Немири во Хаг и во Косово по пресудата за поранешните водачи на ОВК

Немири денеска се случија пред зградата на ЕУЛЕКС во Косово, како и пред зградата на Специјализираниот совет во Хаг по изрекувањето на пресудата за поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК).

Неколку лица се уапсени за време на овие немири.

Според приштинскиот портал „Индексонлајн“, по изрекувањето на пресудата демонстранти се упатиле кон зградата на ЕУЛЕКС, која ја обезбедувале припадници на специјалните единици на косовската полиција.

Според снимките објавени од порталот, дел од насобраните фрлале шишиња кон полицијата и објектот.

Дошло и до туркање меѓу демонстрантите и полицајците, при што насобраните барале припадниците на полицијата да се оддалечат од зградата. Ситуацијата набргу потоа се смирила.

Во Глоговац, маскирани лица со знамиња на таканаречената ОВК се собрале на бензинска пумпа по изрекувањето на пресудата во Хаг.

 

Немири имаше и пред зградата на Специјализираниот совет во Хаг. Според извештаи и снимки објавени на социјалните мрежи, неколку лица се качиле на полициски возила и ги удирале, по што полицијата употребила водени топови за да ја растера толпата.

 

Хашим Тачи и Јакуп Красниќи добија затворски казни од по 25 години, Кадри Весели е осуден на 18 години затвор, а Реџеп Селими доби казна затвор од 13 години. Специјализираниот совет на Хаг успеал да утврди дека четворицата поранечни водачи на ОВК не извршиле никакви злосторства против човештвото, но дека се одговорни за воени злосторства со незаконско апсење на најмалку 385 лица.

Советот утврдил дека помеѓу април 1998 и јуни 1999 година, во 12 општини во Косово и еден округ во Албанија, членовите на ОВК презеле дејствија што довеле до убиство на 96 лица кои не учествувале активно во војната.

Пресудата е првостепена и обвинетите имаат право на жалба.Инаку, поддржувачи на ОВК од утринава беа собрани пред седиштето на Советот во Хаг, исчекувајќи ја првостепената пресува за четворицата поранешни команданти на ОВК – Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи.

 

Back to top button
Close