Дванаесет држави апелираат Г7 да ги намали приходите на Русија од продажба на енергенси

Дванаесет европски држави потпишаа заедничко писмо со кое ги повикуваат земјите-членки на Г-7 да преземат дополнителни чекори за намалување на приходите на Русија од продажбата на енергенси, со што ќе биде оневозможена да ја финансира „инвазијата врз Украина“.

Со овие приходи Русија ја финансира својата континуирана агресија во Украина.

– Со овие приходи Русија ја финансира својата континуирана агресија во Украина. Третина од приходите на Русија и две третини од нејзиниот извоз се поврзани со енергијата, се наведува во писмото потпишано од Данска, Естонија, Исланд, Ирска, Литванија, Летонија, Норвешка, Полска, Романија, Финска, Чешка и Шведска.

Земјите потписнички континуирано се залагаат за најстроги можни рестриктивни мерки против Русија.

– Ја повикуваме Г-7 да го искористи ограничувањето на цената на нафтата за да се осигури дека ќе продолжи да служи како значаен инструмент за ограничување на приливот на приходи на Русија, да воведе дополнителни санкции за бродовите од руската флота во сенка и да разгледа дополнителни мерки насочени кон поморскиот транспорт на извозот од руско потекло, се истакнува во заедничкото писмо.

Back to top button
Close