Двесте пожарникари се бореа со голем пожар во Лос Анџелес

– Голем пожар избувна денеска во населбата Бел-Ер во Лос Анџелес, Калифорнија, објави ЛА Тајмс.

Пожарникарите се бореле со пожарот околу три часа, по што го довеле под контрола. Се проценува дека изгореле околу педесет хектари трева.

Околу 200 пожарникари учествуваа во акцијата за гаснење на пожарот. Две лица се повредени за време на противпожарната акција и веднаш им била укажана помош.

Пожарот не ги загрози куќите и никој не требаше да биде евакуиран, но пожарникарите сепак презедоа мерки на претпазливост и поставија одбранбени структури за да ги заштитат куќите од можно потпалување.

Покрај пожарникарите на теренот, огнот беше ставен под контрола и со помош на специјален хеликоптер.

Back to top button
Close