Дводневен женски економски форум „Јас сум жена“, регистрирани 352 учесници
Триста педесет и двајца учесници се регистрирани на дводневниот Женски економски форум, што почнува денеска на платформата ZOOM, во организација на Здружението за вмрежување на успешни жени, едуцирање и истражување „Јас Сум Жена“, „Global Shapers Skopje Hub“ и Факултетот за Туризам и Бизнис Логистика – УГД Штип.
Како што соопштија организаторите, целта на форумот е Македонки од земјава и светот, да ги претстават и да дебатираат за предизвиците и реалните можности во сферата на малите бизниси и т.н. фриленсерство, како и штедењето и инвестирањето.
Во рамки на форумот денеска ќе се води панел дискусија „Тектонски поместувања за нови предизвици во 2024: Нова ера за финансирање на мали и средни претпријатија, стартапи и фриленсери“, по што меѓу другото ќе има и Интерактивна работилница – „Финансиско планирање за нови мали бизниси“.
– Бројот на регистрирани учесници само покажува колкав е интересот и потребата, особено кај младите, да им се помогне во остварувањето на нивните планови. Имено, меѓу регистрираните, 79 се на возраст 15-25 години, 86 се на 26-35-годишна возраст, 108 се на возраст 36-45, 74 на возраст 46-60 и 5 над 60 години, се посочува во соопштението