„ЌЕ ИМА КАЗНА“ Како една многу “сериозна” утринска инспекција на фискален апарат ќе превенира идна трагедија со несогледливи последици
Институциите во Македонија имаат традиција на делување отпосле, престрого, за да го исчистат образот од своето претходно непостапување. Низ годиниве по булеварите во Скопје, особено во текот на викендите во лето, се вози пребрзо. Добар дел од тие возачи остануваат несанкционирани. Откако алкололизиран возач со 130км/ч ја усмрти Фросина полицијата најави почесто присуство и најави ревносни контроли. Како резултат на тоа стотици возачи кои возеа воспитано следејќи ги правилата и не претставувајќи никаква опасност беа застанувани, по што следеа проверка на документи, дрегер, дури и кога е очигледно дека возачите не се пијани и не претставуваат никаква опасност.
Нешто слично се случува и утрово, во кафеата во центарот на градот.
Време и место: Кафе во центарот на Скопје, 18.03.2025, некаде околу пладне
Влезе инспекција и со едно претерано демострирање авторитет пред келнерките и менаџерката побара документи.
Откако ги добија и ги прелистаа настана некоја чудна тензија околу апаратот за фискални сметки и тоа што во моментот нешто „не било порамнето“.
Менаџерката му објасни на инспекторот дека апаратот на извесни периоди се ресетира и дека во тој момент не е возможно да се направи порамнување, дека тоа не е работа на вработените во кафето кои не треба да се извештени за работа со софтверслиот дел на апаратот, дека притоа има луѓе кои чекаат да бидат услужени.
Тој, како што можев да чујам од непосредна близина ѝ одговори дека „тоа не е негова работа“.
“Ќе има казна“ ѝ кажа инспекторот на девојката која прилично вознемирено праша дали ќе биде максимална а тој одлучи дека „ќе ја информира дополнително“.
По тоа позната емотивна манипулација на оставање во неизвесност стана и си замина.
Веројатно совршеното порамнувањето на прометот и фискалната кои сега ќе ги „чешлаат“ низ кафеа и кои треба да им го облеат образот на институциите по децениското недејствување во однос на клубот Пулс во Кочани, се она што ќе превенира некоја идна трагедија од несогледиви последици.