Еден од најстарите Американци почина на 110 години, неговиот мозок даруван за научни цели

Мори Марков почина на 3 јуни, во својот втор дом – Лос Анџелес, САД, нa 110-годишна возраст. И, тoa бил дoстa исполнет живот… „Секогаш љубопитен“, вели неговата ќерка Јудит Хансен. Сега научниците ќе го проучуваат неговиот мозок.

Роден во Њујорк, од родители – еврејски имигранти, Марков ​​имал само основно образование, но сепак, вели – човек учи додека е жив. Се преселил на американскиот Запад, се оженил со Бети во 1938 година и почнал свој бизнис. За време на своите 81 година брак, семејството Марков ​​израснало две деца, патувале низ светот (Мексико, Кина, Јапонија и тогашниот СССР) и пешачеле по пет километри дневно заедно до нивното деветто деселетие, пред Бети да почине во 2019 година на 103 години.

Според Хансен, умот на Марков ​​бил сосем уникатно нешто.

– Тој вајаше. „Блогираше“. Напиша и книга на 99-годишна возраст. Цел живот ја негуваше својата вродена интелектуална љубопитност, откривајќи и нурнувајќи во „Википедија“ и сета таа огромна продавница на информации, вели неговата ќерка.

И сега, благодарение на неговото семејство, мозокот на Марков ​​ќе биде проучуван од научниците кои сакаат да дознаат повеќе за процесот на стареење – и зошто кај некои луѓе се јавува деменција и умствен пад, а други како Марков – остануваат остроумни до крај. Неговата ќерка вели дека менталната активност е клуч за долговечност. Тиш Хевел, извршен директор на проектот за дарители на мозок за науката, смета дека ова е корисно за науката, но и за луѓето кои во иднина би страдале од Паркинсонова болест, Алцхајмерова, невродегенеративни состојби итн.

Проектот за дарување мозок за научни цели e идeja на Американскиот национален институт за здравје „Неуробиобанк“ којшто работи со избрана група истражувачки установи со цел научни испитувања.

Back to top button
Close