Еден полицаец загина, уште еден тешко ранет во престрелка во Србија, полицијата трага по напаѓачот
Ноќеска во Лозница, Србија, за време на рутинска контрола на такси возило, полицајци биле нападнати со огнено оружје.
Српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, потврди дека при престрелката еден полицаец загинал, а друг е тешко повреден. Починал полицаецот Никола Крсмановиќ (34), додека Вјекослав Илиќ (50) е полесно повреден и е во стабилна состојба.
„Во таксито имало странски државјани, кои отвориле оган врз сообраќајната полиција. Во престрелката загинал еден полицаец, а друг се здобил со тешки повреди, но е стабилен“, пренесува агенцијата РИНА.
На местото на настанот брзо пристигнале силни полициски сили и хеликоптери, информираат локалните медиуми