Еден загинат и двајца повредени во пукотница на Пластичарска во Скопје

Две лица со повреди од огнено оружје биле однесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде по укажаната помош, 45 минути по полноќ, едното лице починало

Дваесет и девет годишниот скопјанец А.И. загинал во пукотница со огнено оружје што се случила синоќа на булеварот „Никола Карев“ или т.н. Пластичарска улица во Скопје, а уште две други лица се повредени.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР) за „360 степени“, синоќа, дваесетина минути пред полноќ било пријавено дека на местото имало пукање.

Пет минути подоцна, како што велат од МВР, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен 24-годишниот Т.А. од Скопје.

 

„Во 23:51 часот, од комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени О.Б.(19) и А.И.(29), двајцата од Скопје, каде што по укажаната помош, во 00:45 часот на 27.05.2024, А.И. починал“,информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Порталот плусинфо и формира дека загинатиот е познат пејач со иницијали А.И.

 

Back to top button
Close