Еден загинат во судир меѓу Палестинците и безбедносните сили, напад во Ерусалим, конфликт на Западниот брег
Во бегалски камп на северниот окупиран Западен Брег избувнаа борби меѓу Палестинците и нивните безбедносни сили, во кои еден загина, соопштија официјални лица.

Немирите ги истакнаа предизвиците за палестинската полиција која се обидува да воведе ред на немирната територија.
На друго место во Ерусалим, израелската полиција соопшти дека палестински напаѓач избодел Израелец и дека напаѓачот бил убиен од полицаец.
И на Западниот Брег израелските безбедносни сили пукаа во Палестинец за кој рекоа дека возел автомобил и повредил двајца војници. Сите овие инциденти се дел од една од најнасилните фази во оваа област во последните години.
Во градовите на северниот дел на Западниот Брег со кој управуваат палестинските власти, обидите на палестинските безбедносни сили повторно да воспостават внатрешна контрола предизвикаа гнев кај екстремистите кои ја исмеваат непопуларната влада и нејзиниот лидер, претседателот Махмуд Абас, како израелски сојузник.
Неможејќи да ги заштитат Палестинците од нападите на еврејските доселеници и често од смртоносните напади на израелската војска врз палестинските градови, палестинските безбедносни сили беа под тешки критики во јавноста за нивната немоќ и безбедносниот сојуз со Израел кој датира од мировниот договор во Осло пред три децении.
Речиси 180 Палестинци се убиени од израелски оган на Западниот Брег и Источен Ерусалим оваа година. Израел вели дека повеќето од убиените Палестинци биле екстремисти. Но, беа убиени и млади луѓе кои протестираа или воопшто не беа вклучени во конфликтите.
Околу 30 луѓе се убиени во палестинските напади врз Израелците оваа година.






