Едно лице е убиено, а пет се повредени во пукотница на техно фестивал во Швајцарија, соопшти полицијата
Едно лице е убиено, а пет други се повредени во пукотница на техно фестивал во северна Швајцарија, соопшти изутринава локалната полиција.

Потрагата по сторителите, чиј идентитет засега е непознат, е во тек. Мотивите и точните околности сè уште не се познати. Инцидентот се случи во Арау, северно од Цирих, објави полицијата на Икс.
Швајцарскиот весник „Блик“ објави на својата веб-страница дека истрелите биле испукани пред 3 часот во областа на хиподромот Шахин, каде се одржувал фестивалот „Арау Рејв“.
На техно фестивалот присуствувале околу 3.500 луѓе.






