EK ќe ја тужи Унгарија пред Меѓународниот суд на правдата за спорниот Закон за заштита на суверенитетот

Европската комисија денеска соопшти дека ќе ја тужи Унгарија пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг за можни прекршувања на правата на приватност и слободата на изразување и здружување поради новиот закон што би можел да им овозможи на властите да ги испитаат и гонат лицата обвинети за поткопување на суверенитетот на земјата.

Законот за заштита на суверенитетот стапи на сила во декември. Тој создаде владино тело со овластување да собира информации за сите групи или поединци кои имаат корист од странско финансирање и влијаат на јавната дебата.

Унгарските тајни служби можат да помогнат во истрагите на властите. Секој што е осуден за прекршување на законот може да биде затворен до три години.

Владата на премиерот Виктор Орбан тврди дека законот е дизајниран да ги спречи политичките партии да добиваат странско финансирање за изборни кампањи, но противниците го споредија со законот за „странски агенти“ на Русија, според кој секој што добива финансиска поддршка од странство, вклучително и новинари и групи за застапување е агент на друга земја.

Тие веруваат дека нејасниот јазик на унгарскиот закон може да се користи за произволно таргетирање на критичарите на владата, вклучително и невладини организации и новинари.

Во јуни, телото задолжено за одбрана од странско влијание започна истрага против унгарскиот огранок на антикорупциската организација Транспаренси интернешнал. Мета беа и медиумите.

Back to top button
Close