Експлодирала плинска боца во стан во скопски Карпош, нема загинати и повредени

Попладнево, дваесетина минути пред 15 часот во стан во зграда во скопската населба Карпош 4 имало експлозија, по што настанал пожар, пренесе Фокус.

Според првичните информации, наводно причина за експлозијата е плинска боца во станот на втор кат на улица „Разловечко востание“.

Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески потврди дека на терен е интервенирано со три противпожарни возила и со десет пожарникари.

Пожарот е локализиран, а информациите се дека нема жртви или, пак, повреденДополнително ќе се утврдуваат причините за експлозијата.

Екипи на МВР се на терен.

Back to top button
Close