Јеменските бунтовници Хути го зазедоа клучниот остров Мајун на влезот во Црвено Море

Јеменските бунтовници Хути, кои се поддржани од Иран, денеска го зазедоа јеменскиот остров Мајун, на влезот во Црвено Море, што е клучен алтернативен пат за транспорт на саудиска нафта и друга стока откако Иран почна да напаѓа бродови во Ормуската Теснина.
Веста за заземањето на островот ја потврдија висок воен функционер на меѓународно признатата влада на Јемен и претставник на Хутите, кои сакаа да останат анонимни.
Хутите потврдија дека во саудиските воздушни напади бил погоден аеродромот во пристанишниот град Мока, на брегот на Црвеното Море, кој од вчера е под нивна контрола, и додадоа дека се приближиле до стратешки важната теснина Баб ел Мандеб.
Досега нема извештаи за материјална штета или жртви.
Околу 12 проценти од светските стоки вобичаено се транспортираат преку Баб ел Мандеб, што се наоѓа на јужниот крај на Црвеното Море.
Теснината е од особено значење за Саудиска Арабија, клучниот сојузник на САД во Заливот.
Саудиска Арабија со години воведува блокада врз делови од Јемен контролирани од Хутите, што ги поттикнува бунтовниците да ги засилат нападите врз саудиските бродови






