Џентилони: До 2027 година, ЕУ ќе биде целосно независна од руските испораки на нафта и гас

 Европската унија ќе се обиде да ја намали зависноста од руската нафта и гас за две третини до крајот на оваа година и да стане целосно независна до крајот на 2027 година, изјави еврокомесарот за економија Паоло Џентилони во интервју за италијанскиот весник „Месаџеро“.

Џентилони предвидува дека економскиот раст на ЕУ во 2022 година нема да ги достигне проектираните 4 отсто, но напоменува дека е рано да се каже дали доцнењето ќе доведе до стагнација.

На 16 мај се очекува ЕУ да ги објави своите т.н. пролетни прогнози.

Back to top button
Close