Ќерката на Анџелина Џоли ѝ го заврте грбот – одлучи да живее со Бред Пит

Шајло Џоли-Пит, најстарата биолошка ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит, донела одлука која воопшто не ѝ се допаднала на нејзината мајка. Како што пишува магазинот „Стар“, Шајло одлучила да го продолжи животот во домит на нејзиниот татко Бред Пит.

Шајло ќе го прослави полнолетството на 15-ти мај, по што ќе се исели од домот на популарната мајка.

– Шајло не е несреќна кај Анџелина, но сака промена. Таа го обожава Бред и отсекогаш била девојчето на тато, изјавил извор за Стар.

Анџелина, се разбира, не е задоволна од одлуката на нејзината ќерка, но свесна е дека во моментот кога Шајло ќе наполни 18 години, веќе нема да може да одлучува за неа.

Back to top button
Close