Ескобар: Прашањето е како да се привлече Србија во заедницата на западните демократии

Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар изјави во Загреб дека прашањето е како да се привлече Србија во заедницата на западните демократии каде што „секогаш била и каде што припаѓа“. Тој додаде дека Србија и САД имаат 140 години дипломатски односи и дека Србија „речиси цело време беше близок партнер на САД“, вклучително и во двете светски војни. „Прашањето е како Србија да се закотви во заедницата на западните демократии, каде што отсекогаш била и каде припаѓа“, рече американскиот пратеник, оценувајќи дека Србија минала низ тежок период за време на режимот на Слободан Милошевиќ, но додаде дека искрено верува оти следната генерација српски граѓани ќе биде повеќе наклонета кон ЕУ. „Го знаеме тоа, бидејќи кога ја напуштаат земјата, не одат во Русија или Кина, туку во Европа и Америка“, додаде Ескобар.

Тој рече дека тоа го знае и раководството на Србија, бидејќи во спротивно не би отвориле нови поглавја и напредок на европскиот пат. Според него, Србија не е најтешката тема за разговор со другите соседни земји, туку дека тоа е БиХ. Ескобар оцени и дека војната во Украина не може да се прелее во БиХ, нагласувајќи дека европскиот фокус се враќа на решавање на кризата во нејзиното опкружување. Зборувајќи за БиХ, Ескобар рече дека размислува за формирање функционална влада во БиХ за борба против корупцијата, привлекување инвестиции и создавање услови за младите, нагласувајќи дека БиХ е суверена држава и дека политичката волја мора да дојде од внатре

 

 

Back to top button
Close