ЕУ размислува за заедничка набавка на гас


Европската комисија за неколку недели ќе објави конкретни предлози за запирање на растот на цените на енергенсите, најави претседателката Урсула фон дер Лајен по завршувањето на неформалниот самит на Европската унија во Прага.

По првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага, каде учествуваа лидери на 44 европски земји, денеска останаа само шефовите на држави или влади од Европската унија на неформален самит.

Што се однесува до енергетската криза, се поголема е поддршката меѓу членките да се обезбеди заедничка набавка на гас со цел на тој начин да се намалат цените и да се почнат разговори за нов модел формирање цени на електричната енергија.

-Постои се поголема поддршка да се организира заедничка набавка на гас – изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Премиерот на Чешка, Петр Фијала, пак, информираше дека лидерите разговарале околу предлогот за раздвојување на цените на гасот од цените на електричната енергија.

Back to top button
Close