ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Нова финансиска поддршка од Европската комисија пристигна за земјите од Западен Балкан, при што Македонија доби 65,7 милиони евра, Албанија 49 милиони евра, а Црна Гора 44,2 милиони евра во рамки на Инструментот за реформи и раст, познат како План за раст за Западен Балкан.

Средствата се исплатени откако Европската комисија оценила дека трите земји спровеле клучни реформи во области како конкурентност, иновации, образование и дигитализација.
Планот за раст за Западен Балкан беше усвоен од Европската Унија во 2023 година со цел побрза економска и институционална интеграција на земјите-кандидати во европскиот пазар. Вкупната вредност на програмата изнесува шест милијарди евра.
Според објавените податоци, досега на Албанија ѝ се исплатени 212,8 милиони евра, на Црна Гора 89,3 милиони евра, а на Македонија 142,1 милиони евра.
Средствата во Македонија се насочени кон подобрување на образованието и дигиталната инфраструктура во училиштата, додека дел од парите се префрлаат директно во државниот буџет, а дел се користат за инвестиции преку WBIF






