Еурофарм Пелистер поразен од Архус во ЕХФ Европската лига


Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва загубија од Архус со 30:27 во првиот свој настап сезонава во Европската лига на ЕХФ Д-група.

Битолчани добро го отворија натпреварот, имаа во пет наврати и три голови предност, но во финишот на првото полувреме како да им снема сили и гостите по 11:9 за Пелистер направија серија од 7:1 за предност на полувреме со 16:12.

Архус во текот на целото второ полувреме го контролираше резултатот и не го испушти водството кое беше изразено и со највисоки +5. Пелистерци на пет минути пред крајот се доближија на 26:27, но не успеаја да го избегнат поразот.

Трибините во салата „Боро Чурлевски“ во Битола беа целосно исполнети, а Еурофарм Пелистер во текот на целиот натпревар имаше поддршка од своите навивачи.

Во второто коло македонскиот претстваник ќе гостува во Португалија кај Агуас Санташ

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close