Евакуирани над 20 училишта во Белград по дојави за бомби

Над 20 средни училишта во Белград добиле електронска пошта за подметнати бомби, по што истите морале да бидат евакуирани.

Министерството за внатрешни работи на Србија излезе на терен за да провери дали навистина има бомби во училиштата или станува збор за лажна дојава.

„Нешто слично се случи во Црна Гора. Нашата полиција треба да ги истражи овие закани. Професорот по физика влезе на час и кажа дека имаме бомба во училиште, мора да излеземе. Професорите се во паника, но се евакуиравме“, вели еден ученик.

Back to top button
Close