Европската мрежа против расизам со силна осуда за изјавите на Борел

Европската мрежа против расизам (ЕНАР) ги нарече изјавите на шефот на ЕУ дипломатијата расистички и го осуди фактот што тој не се извини за контроверзните изјави, јави дописничката на МИА од Брисел.

За потсетување, шефот на ЕУ дипломатијата, Жозеп Борел, минатата недела пред студенти во Колеџот на Европа изјави дека Европа е “градина”, а остатокот од светот “џунгла” и дека “џунглата сака да ја освои градината”. Овие изјави, со колонијален призвук, наидоа на бројни осуди и критики, како во земјите од “Глобалниот Југ”, така и во земји како Канада. Борел неколку дена подоцна ја “дообјасни” изјавата на својот блог, но не се извини. Додека Европската Комисија порача дека тој ужива “целосна поддршка”.

Во контекст на војната во Украина и глобалните тензии, изјави на Борел се сметаат се невешти, особено со оглед на тоа дека ЕУ се труди да го убеди незападниот дел од светот да воведе санкции против Русија.

Денеска Европската мрежа за борба против расизам, каде членуваат бројни невладини организации од сите земји членки на ЕУ, и која се бори против расизмот, ксенофобијата и антисемитизмот во ЕУ, остро ги осуди и изјавите на првиот ЕУ дипломат и фактот што тој не понуди извинување, освен куса изјава во која рече дека жали ако некои луѓе се почувствувале навредено.

Европската мрежа за борба против расизмот, ЕНАР; денеска реагираше и ја нарече реакција на Борел “неспособност да размисли за штетните последици на давање вакви изјави полни со евроцентристички метафори”.

-Во клима на растечка закана од екстремната десница, високите претставници не треба да ја потценуваат тежината на зборовите што ги користат, особено кога тие можат да поттикнат расистички дискурс и говор на омраза во заедниците, порачаа од органиацијата.

Директорот на организацијата, Ожеаку Нвабузо, рече дека е “разочарувачки” што Борел не признава дека неговата аналогија за градина и џунгла е проблематична.

-Како висок претставник на ЕУ неговите изјави имаат многу реални последици врз етничките заедници кои се веќе жртвено јагне во Европа, изјави директорот.

ЕНАР изразува “посебна загриженост” за описот на Европа како градина и остатокот од светот како џунгла, бидејќи тој ја игнорира реалност на колонијалното минато на Европа и сегашните неоколонијални политики на Европа кои и натаму имаат штетни последици врз земјите од “Глобалниот Југ”.

Организацијата уште еднаш повика институциите на ЕУ да се фокусираат на потемелно размислување за длабоките промени во европските општества и конечно да се ослободат од евроцентристичките и колонијални гледишта

Back to top button
Close