Европски избори: Ништо ново за Брисел но за Париз -политички земјотрес

Борјан Јовановски

Од 6 до 9 Јуни граѓаните на земјите членки ги бираа своите претставници во Европскиот парламент со мандат од пет години. Од првичните резултати во борбата за 720 мандати во ЕП генералната оценка е дека нема промени во полтичката структура која ќе владее со ЕУ до 2029 година.
Проевропската колација лево и десно од центарот го зачува убедливото мнозинство во новиот состав на ЕП. Европската народна партија освои 186 пратенички места, Социјалистите и социјал демократите 133, Либералите 82 и Зелените 53. Сите заедно, како традиционални партнери кои ги држат полтичките конци во Брисел, имаат 454 од 720 пратенички места.
Најавуваниот голем бран на екстремната десница ја погоди Германија но ја поплави Франција. Француската екстремна десница освои убедлива победа со 30 % од гласовите наспорти Обновата на претседателот Макрон која има само 15% подршка. По објавата на овие катастрофални резултати за владеачкото мнозинство во Франција, претседателот Мануел Макрон излезе со драматична изјава со објава за предвремени парламентарни избори кои ги закажа за 30 јуни. Големото прашање е дали Макрон ќе испее да обезбеди колација која ќе и се спротистави на есктермната десница или ќе мора да кохабитира како претседател со екстремно десничарска влада до истекот на неговиот мандат во 2027 година.
Значеан резултат оствари и екстремната Алтернатива за Германија која со 16% поддршка ја потврди своето место како втора политичка сила во таа значајна европска држава. Најголем број гласови во Германија освоија демохристријаните со 25% подршка од гласачите. Социјал демократите на канцеларот Шолц се сега трета политичка сила во Германија.
Во нашето соседство ништо ново. Убедлива победа остварија ГЕРБ на Бојко Борисов и Нова Демократија на Кирјакос Мицотакис.
Според актуелните резултати од овие европски избори Урсула фон дер Лајен има најголема шанса да биде на чело на европската егзекутива како претседателка на Европската комисија во наредните пет години.

Борјан Јовановски

 

 

Back to top button
Close