Европски влади бараат исфрлање на руски и белоруски функционери од УЕФА

Владите на 35. европски држави побараа од претседателот на УЕФА Александар Чеферин да ги исфрли функционерите од Русија и Белорусија од телата на европската Куќа на фудбалот, пренесува лондонскиот весник „Дејли мејл“.

Тоа пред сè се однесува на Александр Џуков, руски бизнисмен, кој е и претседател на Управниот одбор на компанијата „Газпром нјефт“, претседател на прволигаш Зенит од Санкт Петерсбург и прв човек на Фудбалската федерација на Русија.

На високи функции во телата на УЕФА се и поранешните членови на советската тајна служба КГБ, Олег Дерипаска и Сергеј Прјадкин.

Русија и Белорусија во телата и панелите на УЕФА имаат вкупно 22 претставници.

Според „Дејли мејл“ зад иницијативата за санкционирање на руските и белоруските претставници во телата на УЕФА, покрај Велика Британија, стојат и Германија и Франција, поради руската инвазија врз Украина.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close