Европскиот парламент бара воведување санкции против Додик

Европскиот парламент денеска го усвои Извештајот за спроведувањето на заедничката надворешна и безбедносна политика за 2022 година, во кој се бара воведување санкции против претседателот на Република Српска Милорад Додик и другите дестабилизирачки актери во Босна и Херцеговина.

„ЕП го повторува својот повик за усвојување насочени санкции против дестабилизирачките актери во Босна и Херцеговина (БХ), вклучително и оние кои го загрозуваат нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, особено Милорад Додик“, се вели во текстот усвоен денеска.

Во извештајот на претседателот на Комисијата за надворешни работи, Дејвид Мекалистер, кој беше усвоен со 407 гласа за, 92 против и 142 воздржани, се поздравува препораката на Европската комисија и подготвеноста на Европскиот совет да и додели кандидатски статус на БиХ.

 

Се апелира до политичките актери во земјата да ја покажат својата посветеност и да преземат значајни чекори кон членството во ЕУ, во согласност со препораките на Комисијата и 14 клучни приоритети, а Европската комисија и Европската служба за надворешни работи се поканети да и помогнат на БиХ во брзо спроведување на клучните приоритети и спречување регресија кон националистичките политики од минатото.

 

Потребата да се осигура дека правата на секој граѓанин, без разлика на етничката, политичката и верската припадност, се целосно почитувани во согласност со пресудите на Европскиот суд за човекови права, одлуките на Уставниот суд и препораките на Венецијанската комисија.

Во резолуцијата се забележува дека Советот на „Стратешкиот компас“ признал дека безбедноста и стабилноста на целиот Западен Балкан се уште не се загарантирани и дека постои ризик од потенцијално прелевање од сегашното влошување на европската безбедносна ситуација, потсетувајќи дека „Стратешкиот компас“ повикува на поддршка за суверенитетот, единството и територијалниот интегритет на БиХ.

Усвоениот текст, исто така, изразува загриженост за времето, содржината и начинот на измените на изборниот закон на БиХ и Уставот на Федерацијата БиХ, кои беа предложени од високиот претставник за Босна и Херцеговина на денот на изборите, а кои ризикуваат да ги поткопаат демократскиот легитимитет и консолидирање на етнонационализмот.

Back to top button
Close