Европските лидери пристигнаа во Париз на самитот за Украина
Клучните европски лидери денеска пристигнаа во Елисејската палата во Париз на вонреден самит свикан од францускиот претседател Емануел Макрон, чија цел е да се постигне договор за координиран одговор на промената во политиката во однос на војната во Украина од страна на новиот американски претседател Доналд Трамп, пренесоа светските агенции.
Британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Олаф Шолц беа меѓу првите шефови на држави кои ги пречека Макрон.
На самитот ќе се разговара за војната во Украина и европската безбедност поради загриженоста на европските лидери дека Трамп би можел да ги изолира своите долгогодишни сојузници.
Специјалниот пратеник на Трамп за Украина, Кит Келог, рече дека Европа нема да биде директно вклучена во преговорите за Украина, иако сепак ќе има „придонес“.