Фактор.бг: Да не се правиме големи пред Македонија, блокада за ЕУ е во интерес на Путин

Под наслов „Да не се правиме големи пред Македонија, запирањето во ЕУ е во интерес на Кремљ и Путин“, бугарскиот портал „Фактор“ објави колумна од Пламен Асенов, новинар со повеќе од 30-годишно искуство, пренесува „360 Степени“.

Во текстот тој пишува за барањата и ставовите кои ги истакнаа претставници на бугарската влада во пресрет на усвојувањето на Преговарачката рамка за Северна Македонија и закажувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ.

Тој пишува за ставови на, како што ги нарекува, екстремните бугарски толкувачи кои земјава би ја нарекле „Бугарска западна Македонија“.

Македонија, пишува Асенов на почетокот, е убава земја полна со луѓе кои се Македонци, без разлика на нивната етничка припадност.

„Исто така, полна е со луѓе кои зборуваат македонски, а не бугарски, српски или свахилски јазик. Тоа е нивна националност, нивен јазик. И ние се зезаме – ’не, не, тие се Бугари, вештачки се создадени и нивната нација и нивниот јазик, на одреден датум. Затоа сега нема да им дозволиме да влезат во ЕУ‘. Ајде, бе! Ако така се создавале нации и јазици, со декрет одозгора …“,

пишува Асенов во колумната.

Тој наведува дека – “да, постои таква одлука (декрет), која во тоа време очигледно им била во интерес на Кремељ и на императорот Сталин”.

„Сепак, приказната се сврте и сега има бугарски закани дека ќе ја запреме Македонија на патот кон ЕУ, во интерес на истиот Кремељ и на тамошниот император Путин кој ги трие рацете зашто му треба поголем хаос на Балканот“,

пишува Асенов.

Повеќе на „360 Степени“ на следниот линк.

Back to top button
Close