Фактор: Оние 780 штедачи во Еуростандард банка имале вкупни заштеди од 25 милиони евра

Кога беше објавено дека се укинува дозволата за работење на Еуростандард банка, надлежните соопштија и дека во банката има над 130 илјади штедачи, кои главно ќе бидат обесштетени преку Фондот за осигурување на депозити, односно во таа група ќе влезат сите оние кои имале штедни влогови до 30 илјади евра, а кои согласно законите, треба да бидат целосно намирени.

Но, како што беше информирана јавноста, има и 780 штедачи, кои поради тоа што имаат повисоки суми на поединечни штедни влогови, ќе добијат обесштетување до 30 илјади евра, а остатокот ќе треба да го побаруваат и да го очекуваат од стечајната маса.

Според неофицијалните сознанија на Фактор, овие 780 штедачи во банката имаат вкупна сума на заштеди во банката од 25 милиони евра.

Кои се тие штедачи и колкави поединечни суми чувале во банката, не се знае и тоа не може да се открие.

Сепак, од ова произлегува дека не било возможно да имало штедач кој во банката чувал 7 милиони евра, како што проструи информација во јавноста.

Back to top button
Close