Фатени крадци во кругот на поранешен Тутунски комбинат – Куманово
Полициски службеници од СВР Куманово ноќеска во 01.30 часот ги лишиле од слобода Н.Р. (42) од Куманово, Т.И.(33) од Виница и двајца малолетници кои биле затекнати во објект во кругот на поранешен Тутунски комбинат – Куманово при обид да одземат предмети.
Според МВР, лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.