Фатмир Сејдиу и Атифете Јахјага одбиле да одат во Хаг за поддршка на Тачи

Поранешните претседатели на Косово, Фатмир Сејдиу и Атифете Јахјага, ја одбиле поканата на шоранешниот претседател на Косово и еден од најбогатите Албанци, Беџет Пацоли кој го иницирал заедничкото патување со неговите албански колеги во Хаг за да го посети поранешниот косовски претседател Хашим Тачи и другите лидери на ОВК, јави abcnews.al.

Заедно со Пацоли, во неговиот приватен авион, заминале и поранешните претседатели на Албанија Реџеп Мејдани, Алфред Мојсиу и Бамир Топи, како и поранешниот премиер Пандели Мајко.

Тачи и другите високи раководители на ОВК,  се сомничат за воени злосторства.

Back to top button
Close