Фаучи планира да се пензионира до крајот на мандатот на Бајден

Ентони Фаучи, главниот здравствен советник во Белата куќа, потврди дека ќе се пензионира до крајот на првиот мандат на претседателот Џо Бајден, но исто така рече дека неговото пензионирање може да дојде многу порано од тоа.

„Не го објавив моето пензионирање, но тоа може да се случи во секое време од сега до тогаш. Се уште не сум сигурен кога“, изјави Фаучи

Фаучи (81) на крајот на ноември 2021 година изјави дека „воопшто не размислувал“ за пензионирање.

Тој е директор на Националниот институт за алергии и заразни болести (НИАИД) од 1984 година, а во 2020 година стана заштитно лице на напорите на американската влада да ја спречи пандемијата со Ковид-19.

Дури и кога ќе ја напушти државната служба, Фаучи рече дека нема намера целосно да се пензионира.

„Ќе продолжам да работам бидејќи се уште имам многу енергија и страст за јавното здравје и глобалното јавно здравје“.

Back to top button
Close