ФБИ: Смртоносниот напад со автомобил во Њу Орлеанс е „терористички чин“
Инцидентот се случи на улицата „Бурбон“ за време на новогодишната прослава околу 03:15 часот по локално време. Најмалку 10 лица загинаа откако човекот удри во толпа луѓе, а повеќе од 35 се хоспитализирани
Федералното истражно биро (ФБИ) соопшти дека смртоносниот напад со автомобил во Њу Орлеанс го смета за „терористички чин“.
Човекот кој го предизвика инцидентот на новогодишната прослава во Њу Орлеанс, беше убиен од полициските службеници, наведува ФБИ.
Инцидентот се случи на улицата „Бурбон“ за време на новогодишната прослава околу 03:15 часот по локално време.
Најмалку 10 лица загинаа откако човекот удри во толпа луѓе, а повеќе од 35 се хоспитализирани