Филипче: Дневно ќе се вакцинираат од 2000 до 2500 лица. со оваа пратка на вакцини имаме вакцини за 100.000 лица

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека во текот на вчерашниот ден е потврден капацитетот на ладните соби за чување со цел да бидеме сигурни дека може да се прими и складира целата количина на вакцини.

– Оваа вакцини се чува и се дистрибуира на температура од 2 до 8 степени, што значи дека сите веледрогерии и компании и здравствени домови кои ќе бидат за складирање и транспорт на вакцините имаат капацитет и возила за чување и транспортирање на тие вакцини. Со тоа системот е целосно подготвен вакцините да се преземат од аеродромот и соодветно се складираат, додаде Филипче.Штом стигнат вакцините во Македонија, дневно ќе се вакцинираат од 2000 до 2500 граѓани.

– Вакцината е во форма на претходно наполнет инекциски шприц и со тоа на некој начин се олеснува апликацијата. За секој граѓанин кој што ќе ја прими првата доза веднаш ќе биде резервирана и втора што треба да се прими после 21 ден што значи дека со оваа пратка на вакцини имаме вакцини за 100.000 лица, додаде Филипче.

Back to top button
Close