Филипче: Долгот е зголемен за 2 милијарди евра за само две години, нема да може да ги враќаме кредитите


Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на конференцијата „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“, предупреди дека власта ја турка државата во должничко ропство,  се случува сериозно задолжување без реален економски прогрес. Говорејќи за алармантната состојба со јавниот долг, Филипче нагласи дека без европската интеграција нема да има вистински реформи, развој и финансиска стабилност.

Реформа на нашата држава, вистинска по сектори, прогрес, грантови, неповратни средства нема да има ако не се случи Европа. Гледаме со какво темпо расте задолжувањето. Тоа е уште еден аспект за безбедноста и за иднината на државата. Нема да имаме од каде да ги враќаме кредитите. За 2 милијарди е зголемен долгот само за 2 години, рече Филипче.

Притоа, Филипче потенцираше дека  власта неконтролирано се задолжува, новите задолжувања не ги користи за капитални инвестиции, а  државата нема напредок во клучните области.

Не се тоа капитални инвестиции, не е нешто тоа што носи раст. Нема прогрес во ниту едно поле. Се влошуваат меѓуетничките односи. Албанија оди напред. Кога сме имале такви меѓуетнички односи заострени во времето на владата на СДСМ? Никогаш. Затоа што граѓанинот беше на прво место, не партиските интереси, истакна Филипче.

Back to top button
Close