Филипче изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче изрази сочувство до семејствата чии членови загинаа во денешната несреќа во Нови Сад, а на повредените им посака брзо закрепнување.

– Со голема тага ја примив веста за страшната несреќа во Нови Сад која остави зад себе загубени животи. Во овие моменти на болка нашите мисли се со семејствата кои ги изгубија своите сакани и со целиот српски народ. Упатувам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во оваа трагедија а на повредените им посакувам брзо и целосно закрепнување. Им даваме силна поддршка на медицински тимови и сите кои што се борат да ги извлечат и спасат настраданите под урнатините. Овој трагичен настан не потсетува на кревкоста на животот, но и на тоа колку е важно да се поддржуваме меѓусебно како соседи, како пријатели, како народи кои знаат да споделат и радост, но и болка, стои во објавата на Филипче на Фејсбук.

Back to top button
Close