Филипче: Мицкоски и Муцински да кажат кои држави од ЕУ поддржуваат одложено дејство за уставни измени и СДСМ ќе ги гласа во Собрание

Во делот на надворешната политика и евроинтеграциите новата влада заговара идеја за одложено дејство на уставните измени. Се согласува ли СДСМ со таков концепт, и дали ако во ваков случај се најдат уставните измени во процедура, СДСМ ќе ги гласа, го прашаа од прес 24 мк во интервју со лидерот на СДСМ Венко Филипче.

ФИЛИПЧЕ: Тоа е уште една голема предизборна лага на ВМРО- ДПМНЕ која сè  уште се обидуваат да ја одржат во живот. ВМРО-ДПМНЕ добро знае, а претставници на Владата признаа дека промени во преговарачката рамка не може да има. 

Откако на сите им стана јасно дека тоа не може да се случи, сега имаме нов обид за да се ослободат од тематаа и велат дека се чека политичка Влада во Бугарија. Но, и за ова стигна јасна порака дека независно од тоа која и каква Влада има Бугарија, условите се исти бидејќи тие се услови на ЕУ, не на Бугарија. Ставот на ЕУ е ист како пред, така и после изборите, а непромент и ќе остане. Останува ВМРО-ДПМНЕ да се извини дека и за ова ги измамил гласачите. 

ВМРО-ДПМНЕ, реално, никогаш немале ниту план ниту концепт како да се добијат подобри услови во преговорите. Спред мене ниту сакаат тоа да го постигнат. Проблемот е што пред изборите, сакајќи да им се додворат и на оние граѓани кои сметаат дека треба да продолжат евроинтеграциите, лажеа дека знаат како со мудра дипломатија да дојдат до подобри позиции. Една голема лага, секако, како и на многу други теми. Тие не велеа ние ќе ги напуштиме преговорите. Не велеа ако ЕУ не се согласи на промена на преговарачката рамка ние не мора да одиме во ЕУ. Не. Велеа дека тие имаат капацитет да обезбедат подобори услови. И секако тоа нема да се случи. 

Од друга страна, истовремено силно се чукаа во гради експлоатирајќи го слоганот Никогаш Северна. Но сега, тераат политика „ни риба ни девојка“ и државата од само Македонија стана „Републиката“, „Нашата Земја“ и така натаму. Ова говори за карактерот на партијата и нивните намери. ВМРО-ДПМНЕ е нечесна партија, која во политиката гледа само можност за манипулација. Тие прво ја смислуваат манипулацијата па потоа градат политики околу неа. Некој ќе рече дека ова е паметно, така се победува. Можеби, ама така се уназадува државата и се изневеруваат граѓаните. А понатаму, секогаш кога ќе треба да се соочи Владата со предизвик, да донесе одлука или да покаже лидерство, ќе ја имате повторно само манипулацијата. И тоа е се што можеме да очекуваме од ВМРО-ДПМНЕ и во ова немам дилеми, тие за само два месеци тоа го покажаа на дело. 

Што се однесува до вашето прашање, ние веднаш ќе прифатиме одложено дејство на уставните измени, штом министерот за надворешни Муцунски каже кои тоа земји имаат разбирање за оваа позиција. Еве јавно го повикувам, на затворена собраниска седница да го соопшти тоа, да каже кои се тие земји, колку се, дали би поддржале промена на преговарачката рамка и ние ќе го поддржиме. 

Но таква седница нема да има, зошто тоа не може да се случи и тоа и Муцунски и Мицкоски го знаат. 

СДСМ имаше јасна цел каде сака да ја води државата. Имаше искрени намери конечно да излеземе од балканската кал и вечните блокади. И знаеше колку е тоа тешко и какви последици по рејтингот ќе има партијата. Но имаше исправни и чесни намери. Проблемот со ВМРО-ДПМНЕ е што кога тие се на власт, никој не знае каде се движи државата, никој веќе не зборува за стратешки долгорочни цели, туку се зборува само за дневен политички популизам и за жал, таа политика води секогаш до застој. 

ПРЕС24: Мицкоски во последното негово интервју Ве прозва дека ја избегнувате власта, односно требало досега да остварите средба со него како Премиер и со Пртеседателката Сиљановска Давкова. Ќе одите ли на средба со Мицкоски и Сиљановска Давкова?

ФИЛИПЧЕ: Средба со Мицкоски ќе има кога за тоа ќе има потреба. Јас не сум должен да одам кај самопрогласени авторитети на запознавање, впрочем со Мицкоски и Сиљановска и добро се познаваме. 

Целото интервју на Филипче на прес 24

Back to top button
Close