Филипче му ја честиташе победата на Милановиќ
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, му ја честиташе победата на Зоран Милановиќ во вториот круг од претседателските избори во Хрватска.
– Неговата победа е потврда дека граѓаните на Хрватска ги препознаваат и поддржуваат социјалдемократските вредности. Сигурен сум дека Зоран ќе продолжи да ја води Хрватска во правилна насока, обезбедувајќи напредок, стабилност и развој за своите граѓани. Му посакувам успешен мандат и се надевам на успешна соработка меѓу нашите две партии и на зајакнување на односите меѓу нашите две пријателски земји – порача Филипче.
На претседателските избори, Милановиќ освои повеќе од 1.120.000 гласови